Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Киличдароглу ги повика младите да го поддржат во вториот круг од изборите

Соперникот на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, Кемал Киличдароглу, во вторникот им се обрати на младите и ги повика да гласаат за него во вториот круг од изборите на 28 мај, со цел долгогодишното владеење на неговиот ривал да не влезе во третата деценија.

Во првиот круг, актуелниот претседател освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска алијанса освои 45 отсто од гласовите.

На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со 5,2 отсто, а потоа Мухарем Инџе кој се повлече од трката, но предоцна, па сепак доби 0,43 отсто од гласовите.

Бидејќи ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите, прв во турската историја, ќе се одржи на 28 мај.

Во меѓувреме, 74-годишниот Киличдароглу се обидува да ја прошири својата база на гласачи за да добие клучна поддршка во вториот круг. 

Зачлени се на нашиот е-билтен