Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски-Лајчак: Мирот и стабилноста во регионот се клучни за побрзи евроинтегративни процеси

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција. Денеска заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ остварија средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На средбата се говореше за неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Северна Македонија. Претставникот на ЕУ, Лајчак уште еднаш ја потенцираше силната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата, објави владината прес-служба.

Соговорниците заклучија дека од клучна важност е унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, што, пак, придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот.

Зачлени се на нашиот е-билтен