Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски пречекан од литванскиот претседател и генералниот секретар на НАТО на Самитот во Вилнус

Премиерот Димитар Ковачевски на свечениот пречек на шефовите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше пречекан од претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што соопшти владината прес-служба, Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра претставниците од 31 земја членка на Алијансата, шефови на држави и влади на земјите партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен