Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Краток водич за изборите во Турција

Во Турција се гласа на 14 мај, датум одреден уште во 1950 година, кога се одржаа првите демократски избори во таа земја.

Се гласа за избор на претседател и за пратеници во Големото народно собрание (Büyük Millet Meclisi) кое брои 600 места. Членовите на собранието ги претставуваат граѓанките и граѓаните во 87 региони на Турција. Се гласа на 192.000 гласачки места низ земјата.

Шеф на државата е Претседателот Реџеп Таип Ердоган од 28 август 2014 година. тој воедно е и шеф на турската влада од 9 јули 2019 година, по уставниот референдум во 2018 година, по што премиерската функција беше укината.

Според турскиот изборен систем, претседателот се избира директно со апсолутно мнозинство гласови во најмногу два круга. Претседателот може да служи до два мандати од 5 години.

Сите 600 членови на Големото национално собрание се избираат според пропорционална застапеност на партиски листи во изборните единици со повеќе пратенички места. Членовите имаат мандат од 5 години.

Во 2018 година, Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, со 295 места, за малку не успеа да освои мнозинство во Големото национално собрание. Останатите места беа поделени меѓу четири партии: ЦХП (146 места), ХДП (67), МХП (49) и Добрата партија (43). Излезноста на гласачите беше 85%.

Ново за овие избори е дека во 2022 година, Големото национално собрание го усвои законот бр. 7393, намалувајќи го минималниот праг на гласови потребен за партиите да добијат парламентарно место од 10% на 7%. Со овој закон, исто така, се промени процедурата за распределба на места од вгнездена, двокружна процедура за коалиции во постапка во еден круг за коалиции, партии и независни. Понатаму, законот воведе систем на лотарија за именување судии во локалните избирачки одбори, додека судиите претходно беа именувани врз основа на стаж.

Турција користи пасивен процес на регистрација на гласачите заснован на живеалиште, кој се одвива континуирано.

Главни натпреварувачи на парламентарните избори се:

  • Партија на правдата и развојот / Adalet ve Kalkınma Partisi (AKP), чиј лидер е Реџеп Таип Ердоган (Recep Tayyip Erdoğan). Освоени места на последните избори: 295 од 600. Називот на коалицијата е Национална алијанса (Cumhur İttifakı).
  • Републиканска народна партија / Cumhuriyet Halk Partisi (CHP), чиј лидер е Кемал Киличдароглу (Kemal Kiliçdaroğlu). Освоени места на последните избори: 146 од 600. Називот на коалицијата што ја предводи е Народна алијанса (Millet İttifakı).
  • Народна демократска партија / Halkın Kurtuluş Partisi (HDP), предводена од Нурула Анкут (Nurullah Ankut). Освоени места на последните избори: 67 од 600. Коалиција Алијанса за труд и слобода (Emek ve Özgürlük İttifakı).
  • Партија на националното движење / Milliyetçi Hareket Partisi (MHP) на Девлет Бахчели (Devlet Bahçeli). Освоени места на последните избори: 49 од 600. Членка на коалицијата на Ердоган, Национална алијанса (Cumhur İttifakı).
  • Добра партија / İyi Parti (İYİ) на Мерал АКШЕНЕР (Meral AKŞENER). Освоени места на последните избори: 43 од 600. Член на коалицијата Народна алијанса (Millet İttifakı) на Киличдароглу.

Турција е држава со 85.816.199 жители (проценка 2023) од кои 42.694.626 се жени. Бројот на регистрирани гласачи е 64.913.141 (2023). Од нив, повеќе од шест милиони се гласачи за прв пат. Дијаспората брои 3,4 милиони гласачи. Нивното гласање заврши на 9 мај.

Родова квота во турските избори нема. Бројот на жени во турското собрание од претходните избори е 101, односно застапеноста на жените е 17,4%.

Проектирано население со попреченост: 6.007.134 (проценка 2023 година).

Извор: IFES

Обработка: (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен