Марта Кос за новите клаузули за потенцијалните членки: Тоа е полиса за осигурување

клаузули

Сo заштитни клаузули во идните договори за пристапување, ЕУ сака да ги спречи новите членки да не ги почитуваат обврските што ги презеле за време на преговорите за пристапување. Овие клаузули се еден вид полиса за осигурување, изјави денес комесарката за проширување Марта Кос.

„Тоа е еден вид полиса за осигурување за да можеме да реагираме доколку е потребно“, рече Кос, презентирајќи ги предлозите на Комисијата што треба да овозможат проширување на ЕУ. Таа нагласи дека овие мерки имаат за цел да го олеснат донесувањето одлуки за суспендирање на финансиската поддршка и ограничување на правото на глас. Таа додаде дека овие заштитни механизми ќе се применуваат само во случај на прекршување на правилата, додека новите членки, доколку се држат до своите обврски, воопшто нема да ги почувствуваат.

„Земјите мора да исполнат многу високи стандарди во однос на владеењето на правото. Мора да бидеме сигурни дека по пристапувањето никогаш повеќе нема да паднат под овие стандарди. Ова го научивме од минатите искуства и станува збор за заштита на самите себе“, рече Кос.

Што предлага ЕК?

Комисијата предлага заштитни механизми во идните договори за пристапување што треба да овозможат санкции против нови членки ако тие уназадат во демократските стандарди или ги прекршат принципите и вредностите врз кои е основана Унијата. Во најсериозните случаи, ова може дури и да доведе до одземање на правото на глас.

Комисијата, исто така, предлага новите членки да се обврзат да не го користат своето право на вето кога станува збор за одлуките на ЕУ за идните проширувања или дека нема да ги блокираат идните проширувања поради билатерални спорови за ограничен период.

„Треба да бидеме отворени само за кандидати кои ги делат нашите вредности“

Кос објасни дека ова нема да биде дел од договорите за пристапување, но дека земјите-пристапнички ќе потпишат политичка декларација во која ќе се обврзат да не ги блокираат идните проширувања поради билатерални спорови.

Извршната власт на ЕУ, исто така, предлага земјите-кандидатки, доколку ги исполнат потребните услови, да учествуваат во избрани политики на Унијата дури и пред формално да станат членки. „Зголемената постепена интеграција во политиките на ЕУ треба да биде реверзибилна, отворена само за оние кандидати кои ги делат вредностите на нашата Унија и нашите стратешки интереси“, рече комесарот за проширување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?