Повеќе од 500 лица беа повредени во саботата при силна експлозија што се случи во едно пристаниште на југот на Иран, објави иранската новинска агенција Тасним.
Според информациите, 516 лица се повредени, додека претходно иранската државна телевизија пренесе дека „стотици биле пренесени во медицински центри“.
Експлозијата се случила во пристаништето Шахид Раджаи, во близина на градот Бандар Абас, на Хормушкиот Теснец. Според локалните власти за управување со кризи, експлодирале неколку контејнери, но причината за експлозијата сè уште не е утврдена.
Инцидентот се случува во чувствителен момент — додека Иран и САД започнаа трет круг преговори во Оман за иранската нуклеарна програма.