Најмалку 22 лица загинаа во експлозија во џамија во Пакистан

Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се ранети кога силна експлозија одекна во преполна џамија во пакистанскиот град Пешавар, изјави за ДПА портпаролот на локалната полиција.

Експлозијата најверојатно била резултат на самоубиствен бомбашки напад, но истрагата е во тек, соопшти полицијата во северозападниот град, додавајќи дека инцидентот се случил за време на попладневните молитви во зоната со високо обезбедување.

Полицијата соопшти дека бројот на повредени е 96, од кои многумина се пренесени во болница.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот врз џамија

Зачлени се на нашиот е-билтен