Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку шест мртви во силна експлозија во фабрика за експлозиви во Русија

 Најмалку шест лица загинаа во експлозија што потресе фабрика за експлозиви во централна Русија, пренесуваат француските медиуми.

Како што објави рускиот канал Rybar Telegram, каде што најмногу пишуваат руските воени блогери, силна експлозија ја потресе најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви „Промсинтез“ во Чапаевск, во регионот Самара.

Според информациите од итната помош шест лица загинале, а двајца се ранети.

„Експлозијата се случи за време на демонтирање на опремата за време на поправки во работилницата на фабриката „Промсинтез“ во Чапаевск. Осум лица се повредени, од кои шест загинаа“, изјави извор за руските медиуми.

Засега не е познато дали експлозијата е поврзана со војната во Украина.

Треба да знаете
Moже да ве интересира