Екстремно десничарската германска политичка партија Alternative für Deutschland (AfD) сака да ги урне сите турбини на ветер.
„Долу сите овие ветерници на срамот“, повикуваше Алис Вајдел на партиските собири за време на изборната кампања.
Со овие изјави таа отиде чекор понатаму од изјавата на американски претседател Доналд Трамп, кој изрази дека ќе води политика да ја запре изградбата на нови турбини на ветер во САД.
Шефот на германската асоцијација за енергетска и водна индустрија (BDEW) Керстин Андреа ја нарекува изјавата на Вајдел „целосно деструктивна“.
„Терминот ‘ветерни турбини на срамот’ не само што е несоодветен, туку и ги искривува основните факти и на тој начин ја промашува поентата на тековната дебата“, вели Андреа, според Recharge News.
Германија во моментов ја предводи Европа во развојот на нови проекти за обновлива енергија. Во 2024 година, Германија додели дозволи за изградба на 15 GW нова копнена ветерна енергија.
Стратегијата за поголема диверсификација на извори на електрична енергија е определба на Германија и заради независноста од Русија и нејзиниот гас, што е удар за Москва бидејќи повеќе ветерници и соларни извори на енергија го стеснуваат пазарот за гас кој оваа земја го има во изобилство.
„Ова е нов национален рекорд и седум пати повеќе од пред пет години“, напиша во петокот трговската асоцијација Wind Europe, повикувајќи ги владите на другите земји да го следат примерот на Германија.
Од 30 јуни, комбинираниот капацитет на енергија од ветер на Германија беше приближно 62 GW.