Не одете преку ред, платете тура пиво: Бонтон правила кои треба да ги знаете пред да го посетите Обединетото Кралство

Секоја земја има свој специфичен код на однесување кој ги одразува културните навики, вредности и стилот на живеење на луѓето. Она што кај нас се смета за нормално, во друга земја може да се протолкува како навредливо или непристојно.

Обединетото Кралство е земја со долга традиција на етикета, љубезност и социјални правила кои се почитуваат без исклучок – без разлика дали сте во паб, дома кај некого или на јавен превоз.

За да избегнете непријатни ситуации и да покажете почит кон локалната култура, запознајте се со овие правила на бонтон пред вашата посета.

  1. Почитувајте го времето – доцнењето не се толерира
    Точноста се смета за знак на одговорност и почит. Вообичаено е да се доаѓа точно на време или неколку минути порано. Ако доцните повеќе од 5–10 минути, сметајте дека треба да се извините. Доцнењето без најава се смета за непочитување.
  2. Собувањето чевли – прашајте, не претпоставувајте
    Ако сте поканети дома кај некого, не влетувајте директно внатре со чевли. Прашајте дали треба да ги собуете. Овој гест покажува внимание и културна осетливост.
  3. Разговори „со дистанца“ – без лични прашања
    Британците се љубопитни, но и воздржани. Сакам разговори за временските услови, спорт, култура… но избегнувајте теми како: колку заработуваат, дали се во врска, зошто немаат деца, политички уверувања и слично. Тоа се смета за пречекорување на личниот простор.
  4. „How are you?“ не е само формалност
    Кога некој ќе ве праша „How are you?“, не е доволно да кажете „I’m fine“ и да продолжите. Вообичаено е да возвратите со истото прашање. Ова е дел од рутината на учтив разговор и градење пријателска атмосфера.
  5. Не седнувајте без да бидете поканети
    Ако сте на вечера или на ручек, не седајте на маса веднаш по доаѓањето. Почекајте да ве поканат или да ви покажат каде да седнете. Ова важи и за формални и за домашни собири.
  6. Лактите на маса? Зависи.
    Во формални прилики, не е прифатливо да ги држите лактите на маса додека јадете. Најдобро е да ја набљудувате околината – следете го примерот на другите гости, особено ако сте на службен ручек или во традиционален ресторан.
  7. Паб културата – платете тура за сите
    Во британските пабови постои едно непишано правило: ако сте со друштво, се плаќа по „тура“. Тоа значи дека секој нарачува и плаќа пијалак за целата група, по ред. Не е прифатливо да си нарачувате само за себе или да прескокнете кога е ваш ред.
  8. Бидете културни со персоналот
    Никогаш не мавтајте со рака, не викнете „келнер!“ и не брзајте. Наместо тоа, чекајте трпеливо или направете контакт со очи. Вообичаено е да се остава бакшиш од 10% до 15%, особено во ресторани и такси.
  9. Во воз или автобус – прво излегуваат, па вие влегувате
    При користење на јавен превоз, особено во Лондон, е строго правило прво да се пуштат луѓето да излезат од возот или автобусот, па дури потоа вие да влезете. Истото важи и за лифтови. Не се туркајте и не брзајте.
  10. Почитувајте ги редиците
    Британците не ги сакаат гужвите, но затоа се мајстори за редици. Без разлика дали сте во продавница, автобус, банкомат или чекање за кафе – секогаш застанете во ред. Прескокнувањето или „буткањето“ ќе ве направи веднаш непожелен.
  11. „Извини“ се користи и кога не сте виновни
    Во Обединетото Кралство, зборот „Sorry“ се користи во речиси секоја ситуација: ако налетате на некого, ако некој налета на вас, ако се случи недоразбирање. Ова не значи дека личноста навистина се кае – туку е дел од културниот код на учтивост. И вие треба да го прифатите тој начин на комуникација.

Совет за крај: Бидете љубезни, ненаметливи и со насмевка
Британците се воздржани, но пријатни и отворени кога чувствуваат почит. Ако ги почитувате нивните правила, ќе ви возвратат со добрина, насмевка и, зошто да не – ќе ви платат и тура пиво.

Доколку патувате во Обединетото Кралство, не заборавајте – однесувањето зборува гласно. Почитта кон другите е најважниот дел од секоја култура.

Зачлени се на нашиот е-билтен