Неколку повредени откако автобус удри пешаци во центарот на Лондон

Неколку лица се повредени утринава во сообраќајна несреќа во центарот на Лондон, кога автобус удрил група пешаци во близина на прометната железничка станица Викторија.

Како што пренесува „Скај њуз“, итните служби веднаш реагирале на местото на несреќата, а неколкумина од повредените се префрлени во болница.

Метрополитенската полиција соопшти дека, за среќа, нема загинати и засега никој не е уапсен во врска со инцидентот. Истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек.

На терен се присутни повеќе екипи од итната помош, полицијата и противпожарната служба. Улицата каде што се случила несреќата е затворена за сообраќај, а железничкиот сообраќај е пренасочен.

Настанот се случил на улицата Викторија, во централниот дел на лондонската општина Вестминстер.

Зачлени се на нашиот е-билтен