Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел нема да го почитува прекинот на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од одоговорот.
„Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху во изјавата.
Договорот за прекин на огнот беше постигнат во преговорите во Катар, а шестнеделниот прекин на огнот требаше да стапи на сила утре, кога е планирана првата од серијата размена на заложници кои Хамас ги држеше за палестински затвореници во израелските затвори, објави Тајмс оф Израел.
Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави претходно денеска израелската влада. За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите.
Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.