Обама со порака на надеж: Крајот на страдањата во Газа и Израел мора да значи почеток на траен мир

Фото: Rawpixel

„По две години незамисливо страдање и загуби за израелските семејства и за народот на Газа, сите треба да се чувствуваме охрабрени што крајот на конфликтот е на повидок“, објави Обама на Инстаграм.

Тој потенцира дека приоритет сега треба да биде ослободување на сите заложници и доставување итна помош до цивилното население во Газа.

„Но уште поважно е тоа што сега одговорноста е на Израелците и Палестинците, со поддршка од САД и глобалната заедница, да ја почнат тешката мисија на обнова на Газа – и да се посветат на процес што ќе ја препознае заедничката човечност и основните права на двата народа“, порача Обама.

Оваа изјава доаѓа во исклучително чувствителен момент, кога хуманитарната ситуација во Газа е алармантна, а меѓународните напори за траен прекин на огнот се сè поинтензивни.

Обама повторно го акцентира она за што со години се залагаше – мирот не е само политички договор, туку цивилизациски избор, кој бара храброст, компромис и признавање на болката на другиот.

Зачлени се на нашиот е-билтен