По повеќе од пет часа, преговорите меѓу украинските и американските претставници за предлозите за завршување на војната во Украина беа прекинати во неделата навечер, а нивното продолжување е закажано за понеделник наутро. Ова го потврди советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, пренесува Ројтерс.
„Траеја повеќе од пет часа и за денеска завршија со договор разговорите да продолжат утре наутро“, им порача Литвин на новинарите преку апликацијата WhatsApp. Тој додаде дека официјалните лица разгледуваат нацрт-документи и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се произнесе за исходот од разговорите во понеделник, откако тие целосно ќе бидат завршени.
Преговорите започнаа во попладневните часови, а на состанокот учествуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. На разговорите присуствуваше и германскиот канцелар Фридрих Мерц.