Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Планот на Трамп за Газа е етничко чистење, тој не го познава меѓународното право

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа го прекршува меѓународното право и би претставувало „етничко чистење“, изјави денеска Навја Пилај, претседателка на Комисијата за истражување на Обединетите нации за окупираната палестинска територија.

„Трамп е крајно неук за меѓународното право и законот за окупација. Присилното раселување на окупирана група е меѓународно злосторство и претставува етничко чистење. Нема начин според законот Трамп може да ја изврши заканата за раселување на Палестинците од нивната земја“, рече Пилај.

Во интервју за Политико, таа исто така ги осуди санкциите што Трамп ги воведе на Меѓународниот кривичен суд (МКС), поради тоа што судот издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства.

Зачлени се на нашиот е-билтен