Сиљановска-Давкова разменила мислења со Ердоган пред самитот на НАТО

Сиљановска-Давкова

Во пресрет на официјалниот дел од Самитот на НАТО во Анкара, претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На Фејсбук таа информираше за средба и напиша:

Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста.

Најчитано