Скај Њуз: Зеленски, Трамп и Путин неделава може да се сретнат во Рим или Женева

Palickap, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons
Palickap, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Европските дипломати добиле инструкции од нивните американски колеги да бидат во готовност за евентуална трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин, која би можела да се одржи подоцна оваа недела, во зависност од исходот од денешните преговори, дознава Скај њуз.

Според договорот на американските и европските сојузници, средбата треба да се одржи на европско тло, освен ако не дојде до ненадејни промени во последен момент.

За време на видеоповикот на „Коалицијата на подготвените“, одржан вчера, италијанската премиерка Џорџа Мелони го предложи Рим како локација за средбата, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја предложи Женева.

Според неофицијални информации, украинскиот претседател Зеленски и Доналд Трамп го претпочитаат Рим, а особено Ватикан, додека рускиот претседател Путин се наклонува кон Женева.

Министерствата за надворешни работи на Италија и Швајцарија ја потврдија својата подготвеност за организирање разговори. Во меѓувреме, дипломатите на Европската Унија разгледуваат и алтернативни локации, меѓу кои се споменуваат Будимпешта и Хелсинки.

Зачлени се на нашиот е-билтен