Словенечката влада донесе одлука да го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за персона нон грата во земјата, наведувајќи ја како причина „геноцидната војна“ што Израел ја води против палестинската енклава Газа.
Словенија, како членка на Европската Унија, во 2024 година ја призна Државата Палестина и во август воведе ембарго за оружје кон Израел. Дополнително, минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху поради воени злосторства и злосторства против човештвото.