Израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич зборуваше на Израелското воено радио за поддршка на израелската окупација на целиот Појас Газа, јави ДПА.
Смотрич, лидер на Верската ционистичка партија, е еден од владините претставници кои го критикуваат мировниот договор со Хамас.
„Треба да го окупираме целиот појас и да воспоставиме воена управа таму. Не постои „трета сила“ која може да гарантира безбедност таму, рече Смотрич.
Во истото интервју министерот рече дека началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви не е вистинскиот човек кој ја води армијата.
„Потребен ни е некој што ќе сфати дека неговата мисија е да го окупира целиот Појас Газа, „кој се придржува до оваа цел и е подготвен да ја постигне“, додаде Смотрич.