Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светската програма за храна предупреди дека поради намалување на помошта драстично ќе се зголеми бројот на гладни во светот

Светската програма за храна (WFP) денеска предупреди дека намалувањето на финансирањето во хуманитарни цели, за што се одлучија владите на повеќе земји ја агенцијата на Обединетите нации драстично да ги намали оброците за најгладните луѓе во светот, при што секое намалување од еден процент на помошта се ризикува 400.000 луѓе да бидат турнати во сиромаштија и глад.

Агенцијата со седиште во Рим соопшти дека недостигот од повеќе од 60 проценти оваа година е најголем во нејзината 60-годишна историја и првпат е забележан пад на придонесите како што растат потребите.

Поради тоа Светската програма за храна беше принудена да ги намали оброците во половина од своите области на дејствување, вклучувајќи ги Авганистан, Сирија, Сомалија и Хаити. Агенцијата соопшти дека како резултат на тоа, уште 24 милиони луѓе се во ризик од глад во текот на следната година.

Извршниот директор на Светската програма за храна, Синди Мекејн истакна дека владите треба да ја зголемат помошта, а не да ја намалуваат.

– Ако не ја добиеме потребната поддршка за да спречиме натамошна катастрофа, светот несомнено ќе види повеќе конфликти, повеќе немири и глад. Или ќе го разгориме пламенот на глобалната нестабилност или ќе работиме брзо за да го изгаснеме пожарот, посочи Мекејн. 

Зачлени се на нашиот е-билтен