До крајот на деценијата, светскиот пазар на труд ќе се трансформира, отворајќи околу 170 милиони нови работни места, додека 92 милиони ќе исчезнат. Според извештајот на Светскиот економски форум, ова ќе резултира со нето-зголемување на вработеноста од 78 милиони нови работни места. Главните двигатели на овие промени се технолошкиот напредок, зелената транзиција, демографските промени, геополитичките поделби и економската несигурност.
Извештајот „Иднината на работните места 2025“ нагласува дека, иако вештачката интелигенција и технологијата придонесуваат за раст во одредени индустрии, земјоделството ќе забележи најголем нето-раст на вработеноста. Во периодот 2025-2030 година, очекуваниот пораст на работни места во аграрот е 34 милиони, како резултат на напорите за намалување на емисиите на јаглерод и прилагодување на климатските промени.
Моментално, во земјоделството се вработени околу 200 милиони луѓе, а зелената транзиција и климатските предизвици ќе ја зголемат побарувачката за работна сила во оваа клучна индустрија за многу економии.
Истражувањето беше објавено пред годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, кој ќе се одржи од 20 до 24 јануари.