Танкерот Furia, натоварен со околу 730.000 барели руска нафта, е запрен во Балтичкото Море, меѓу Данска и Германија, јавува Bloomberg повикувајќи се на податоци од компаниите Kpler и Vortexa.
Бродот, кој плови под панамска знаме, тргнал од рускиот брег на 20 октомври со крајна дестинација – индиското пристаниште Сика, каде што требало да пристигне средината на ноември. Меѓутоа, според податоците за движењето на бродот, забележано е невообичаено однесување, што се поврзува со новите американски санкции против снабдувачите на руска нафта.
Американското Министерство за финансии на 22 октомври воведе нов пакет ограничувања, со кои се таргетирани компании што транспортираат руска нафта кон трети пазари, вклучително и Индија. Поради тоа, повеќе танкери биле принудени да ги променат своите рути за да избегнат можни заплени на товарот или нарушување на трговијата.
Според извори на Bloomberg, Furia припаѓа на компанија поврзана со руски нафтени добавувачи и моментално се наоѓа во зона со зголемен ризик од интервенција.
Овој случај не е изолиран. Една од најголемите руски енергетски компании, „Лукоил“, неодамна објави дека започнува со продажба на својата странска имотна структура, наведувајќи ги американските санкции како главна причина за таквиот потег.
Енергетските аналитичари предупредуваат дека ваквите рестрикции дополнително ќе го комплицираат извозот на руска нафта, особено преку посредници и поморски оператори што досега користеле сложени логистички патишта за да го заобиколат западното ембарго.
