Русија води војна против светското снабдување со храна, изјави синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН американската амбасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, а по руските ракетни напади деновиве на пристаништата во Украина од каде се извезува жито за светските пазари.
Русија неделава одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито што дозволуваше извоз на украински земјоделски производи преку Црното Море.
– Русија води војна против светското снабдување со храна. Руските извозници веќе прават корист, додека милиони кои неможат да си дозволат житарица по зголемени цени страдаат посебно луѓето во Блискиот исток и Афтрика. Да бидеме јасни, Русија нема апсолутни никаква, нула, легитимна причина да се откажува од учеството во овој договор, предупред Томас Гринфилд пред СБ на ОН.
За истапувањето од договорот Русија беше искритикувана и од други дипоматски претставници присутни на седницата како Габон, Франција или Мозамбик.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно соопшти дека испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин со детали какви чекори ОН презеле да се овозможи експорт на ѓубриво во Русија. ОН исто така неодамна договорил предлог со Европската комисија подружница на Руска земјоделска банка да биде приклучена кон системот за плаќање SWIFT.