Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Торнадо ја погоди Северна Каролина, оштетена фабрика на „Фајзер“

 Производителот на лекови „Фајзер“ соопшти дека неговата фабрика во градот Роки Маунт во Северна Каролина, која е една од најголемите капацитети за стерилни инјекциски производи во светот, претрпела сериозна штета при торнадо.

Портпаролот на компанијата во соопштение испратено по електронска пошта потврди дека објектот во Роки Маунт е оштетен и дека производителот на лекови ја проценува ситуацијата за да го утврди влијанието врз производството.

Вработените во компанијата на лице место успеале да се евакуираат и се безбедни, се додава во соопштението.

Во овој објект се произведуваат речиси 30 проценти од сите стерилни инјекции што се користат во американските болници, како и антиинфективни, невромускулни блокатори, ампули и шприцови.

Објектот во Роки Маунт вработува над 4.500 луѓе, се наведува на веб-страницата на „Фајзер“.

Зачлени се на нашиот е-билтен