Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп преку социјалните мрежи помеѓу првите објави дека е постигнат договор за ослободување на заложниците помеѓу Израел и Хамас, а потоа додаде дека договорот е постигнат благодарение на неговата победа на изборите.
Според него договорот се случил само поради неговата историска победа истакнувајќи: „Горд сум што Американските и Израелските заложници ќе се вратат дома со своите фамилии“.
Претставникот на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф беше вклучен во тимот на Бајден кој посредуваше во преговорите помеѓу Израел и Хамас. Тој се сретна со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на 11 јануари, како дел од офанзивата за постигнување договор за примирје.
Во декември, Виткоф изјави нема да биде добро доколку договорот за примрије не се постигне пред 20 јануари, односно пред преземањето на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.