Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три дена пред претседателските избори во Турција се повлече еден од противниците на Ердоган

Лидерот на партијата Татковина (Мермлекет) и еден од четворицата кандидати на претседателските избори во Турција, Мухарем Инџе денеска ја повлече кандидатурата.

Според анкетите Инџе на изборите в недела би добил од два до четири отсто од гласовите. Поголем број членови на партијата Татковина изминатите денови поднесоа оставки поради загриженост оти кандидатурата на Инџе би можела да го спречи Кемал Киличдароглу да го победи актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој е на власт 20 години.

Инџе на изборите во 2018 година беше кандидат на Републиканска народна партија (ЦХП-социјалдемократи), кога беше поразен од Ердоган во првиот круг. Тој во мај 2021 година ја формираше националистичка лаичка партија Татковина.

Лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу е кандидат на шест опозициски партии.

Според резултатите од најновата анкета на „Конда“ Ердоган има околу пет проценти помала поддршка од неговиот политички опонент Киличдароглу. За Ердоган се изјасниле 43, 7 проценти од испитаниците, додека 49,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за Киличдароглу.

Резултатите од анкетата сугерираат дека нема да има победник во првиот круг од претседателските избори и најверојатно Ердоган и Киличдароглу ќе одат во втор круг, што ќе се одржи на 28 мај.

Извор (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен