Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турција бара САД да им вратат 1,4 милијарди долари за неиспорачаните борбени авиони Ф-35

Турција очекува САД да вратат 1,4 милијарди долари за купување на борбени авиони Ф-35 од петтата генерација. Ова го изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу при неодамнешната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Чавушоглу изјавил дека Турција префрлила средства за набавка на борбени авиони Ф-35 од петтата генерација, но никогаш не ги добила.

„Ние бевме отстранети од оваа програма. Во исто време веќе префрливме 1,4 милијарди долари. Враќањето на оваа сума е природно очекување на Анкара. Очекуваме скорешна одлука“, рече турскиот министер.

Од своја страна, американскиот државен секретар рече дека во национален и безбедносен интерес на САД е модернизирањето на Ф-16 што веќе ги има Турција, како и продажбата на нови борбени авиони на Анкара.

Шефот на турската дипломатија рече дека не прифаќа обврзување на прашањето за купување на авиони Ф-16 од САД со одредени услови и очекува што поскоро да бидат укинати сите санкции против Турција.

„Турција ќе избере друг пат доколку американскиот Конгрес наметне услови за продажба на борбени авиони Ф-16“, изјави претходно портпаролот на претседателот Ибрахим Кален.

Барањето на Турција за Ф-16 дојде откако земјата беше еднострано исклучена од мултинационалната програма за развој на стелт ловци Ф-35 од петтата генерација на Локхид Мартин, истата компанија која го развива Ф-16.

Земјата првично се приклучи на програмата предводена од САД со инвестиција од 1,4 милијарди долари, но беше исфрлена од Вашингтон во 2019 година откако ги купи од Русија ракетните одбранбени системи С-400. Анкара нарача повеќе од 100 F-35, а нејзината одбранбена индустрија е истакнат играч во развојот и производството на борбени авиони.

Вашингтон тврди дека набавените противвоздушни ракетни системи С-400 може да ги користи Русија за тајно да добие доверливи податоци за борбените авиони Ф-35 и дека тие се некомпатибилни со системите на НАТО. Анкара, која го купи ракетниот систем откако првично побара „Патриоти“ од САД – систем што исто така не го доби – сепак инсистира дека С-400 нема да бидат интегрирани во системите на НАТО и нема да претставуваат закана за Алијансата.

АНТОНИ БЛИНКЕНМЕВЛУТ ЧАВУШОГЛУПАРИСАДТУРЦИЈАФ-35

Зачлени се на нашиот е-билтен