Ужас во Газа: За 24 часа, 74 тела на загинати беа доставени во болници

Министерството за здравство денес објави дека за 24 часа во Газа беа доставени 74 тела на загинати во болници по израелските напади.

Во соопштението се наведува дека податоците за мртвите не ги вклучуваат оние од објектите на север од Појасот Газа, поради невозможноста за пристап до нив, објави Ал Џезира.

Се додава дека во истиот период се регистрирани 211 повреди.

Вклучувајќи ги најновите бројки, бројот на потврдени смртни случаи од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас е најмалку 53.901, а 122.593 лица се ранети.

Зачлени се на нашиот е-билтен