[Видео] Украински пилот со „бакнеж на смртта“ собори руски дрон без ниту еден куршум

дрон

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како украински борбен авион МиГ-29 соборува руски дрон Шахед без да испали ракета. Видеото го прикажува борбениот авион како се приближува кон дронот, по што моќната воздушна струја создадена од авионот го дестабилизира и го соборува.

Профил на Телеграм, каде што првично беше објавено видеото, го нарече маневарот „бакнеж на смртта“.

Технологија од Втората светска војна

Овој метод на соборување на авион има интересна историска паралела. За време на Втората светска војна, британските пилоти развија слични тактики за пресретнување на германските летачки бомби V-1. Тие летаа веднаш до бомбата и го нарушуваа протокот на воздух околу нејзините крила, предизвикувајќи таа да ја изгуби стабилноста и да се сруши. Понекогаш буквално беа турнати настрана.

Украинските воздухопловни сили редовно користат борбени авиони МиГ-29 за пресретнување и уништување на руски беспилотни летала и крстосувачки ракети. Снимките што го прикажуваат уништувањето на беспилотните летала Шахед веќе се објавени претходно, но во овие случаи се користеа ракети воздух-воздух, како што е моделот R-73.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?