Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Сингапур по речиси 20 години егзекутирана жена поради шверц на дрога

Во Сингапур денеска беше егзекутирана 45-годишна жена поради шверц на дрога, соопштија сингапурските власти.

Тоа е прва егзекуција на жена во градот-држава по речиси 20 години.

Егзекутираната жена е прогласена за виновна за шверц на 30,72 грама хероин, што е двојно поголема количината што се казнува со смрт во Сингапур.

Жената беше осудена во 2018 година.

Сингапур има еден од најстрогите закони за дрога во светот – трговија со повеќе од 500 грама канабис и повеќе од 15 грама хероин може да се казни со смрт.

Зачлени се на нашиот е-билтен