Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во знак на поддршка на Украина, членови на Претседателството на БиХ во посета на Киев

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и членот на Претседателството Денис Беќировиќ се во официјална посета на Украина.

Во објава на Фејсбук профилот на Беќировиќ, беше наведено дека тој ќе се сретне со украинските претставници во Киев и дека денеска ќе присуствува и на меѓународната конференција Кримска платформа.

Босанските дипломати во Украина пристигнаа со ноќен воз, а утрово положија цвеќе во Буча и им оддадоа почит на жртвите од руската инвазија.

Ова е првпат член на Претседателството на БиХ да ја посети Украина од почетокот на војната. Един Форто и Сабина Ќудиќ од Нашата партија беа првите политичари од БиХ кои го посетија Киев во август минатата година.

„Да потсетиме, Украина година и пол се брани од руската агресија, а во меѓувреме таа земја успеа да ослободи голем дел од територијата и да направи голем напредок на теренот. На овој начин Босна и Херцеговина ја изразува својата поддршка за Украина“, се наведува во соопштението на Беќиревиќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен