Зеленски: Ако преговорите се претворат во театар, светот мора силно да реагира

Фото: X/@ZelenskyyUa

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓународната заедница треба да воведе нови санкции против Русија, доколку нејзиното учество во директните мировни преговори со Украина се покаже како „театарска претстава“.

Зборувајќи на конференција во Тирана, во време кога во Истанбул се одржуваат првите директни преговори меѓу Украина и Русија по три години, Зеленски повика на поостра меѓународна реакција.

„Потребна е силна реакција“

„Светот мора да одговори. Потребна е силна реакција, вклучително и санкции кон рускиот енергетски сектор и банкарскиот систем. Притисокот мора да продолжи да се зголемува сè додека не се постигне вистински напредок“, изјави Зеленски.

Тој уште еднаш апелираше за прекин на огнот:
„Ни треба целосно запирање на убиствата, доволно долго за да ѝ се даде вистинска шанса на дипломатијата.“

„Инсистираме на безусловен и итен прекин на огнот“

Зеленски истакна дека Украина инсистира на „целосен, безусловен и искрен прекин на огнот“, кој, според него, мора да се случи веднаш за да се „запре убивањето и да се создаде стабилна основа за дипломатија“.

„Ако руските претставници во Истанбул денес не можат да се согласат дури ни околу прекин на огнот… тогаш ќе биде 100 проценти јасно дека Путин продолжува да ја поткопува дипломатијата“, рече Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен