Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и нејзините европски партнери во скоро време ќе бидат подготвени да му го достават на Вашингтон „пречистениот документ“ поврзан со завршувањето на војната со Русија.
Зеленски појасни дека за време на разговорите во Лондон, со претставници на Велика Британија, Франција и Германија, биле развиени нови елементи на предложениот мировен договор, кои ќе им бидат понудени на САД.
„Ставовите на украинската и на европската страна сега се значително поусогласени и подготвени сме да ги презентираме на нашите партнери во САД. Од американската страна очекуваме брзи и спроведливи чекори“, порача Зеленски, пренесува Ројтерс.