Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотрес во турската област Ван

 Земјотрес со јачина од 4,1 степен денеска е регистриран во источната турска провинција Ван, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 12 часот и 54 минути по локлано време, а епицентарот бил во реонот на градот Тушба, во близина на езерото Ван. Длабочината на земјотресот била на седум километри.

Нема извештаи за штети или повредени луѓе.

Областа на округот Ван е високо сеизмичка зона каде што се случија голем број разорни земјотреси со многу жртви. Најсилниот земјотрес регистриран во областа беше на 23 октомври 2011 година, кога во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа стотици луѓе, а илјадници беа повредени

Зачлени се на нашиот е-билтен