Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

11 октомври е и Светски ден на девојчињата

На 11 октомври – Светскиот ден на девојчињата, имаме уникатна можност да ја прославиме силата, креативноста и потенцијалот на девојчињата низ целиот свет. Овој ден не е само потсетник за предизвиците со кои се соочуваат девојчињата, туку и повод да ги славиме нивните успеси и да ги охрабриме да продолжат да сонуваат и да дејствуваат, се истакнува во соопштението на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, по повод 11 окттомври, Светскиот ден на девојчињата.

Од ХЕРА потсетуваат дека „девојчињата се извор на иновација и промени во општеството. Кога им се пружа можност, тие покажуваат неверојатна способност за лидерство, креативност и храброст. Примерите на успешни жени од различни области – од наука и уметност до спорт и бизнис – сведочат за тоа што може да се постигне кога девојчињата имаат поддршка, ресурси и слобода да ја реализираат својата визија“.

Поддршката за девојчињата, нагласуваат од ХЕРА, не значи само да им пружиме образование и можности, туку и да им создадеме средина во која се чувствуваат безбедно и ослободени од предрасуди. Тоа подразбира поттикнување на нивните амбиции, слушање на нивните гласови и вклучување во процесите на одлучување кои ги засегаат.

Со таа цел, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, се вели во соопштението, активно се залага за родово сензитивно образование и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата. Во ист ритам движиме, поради тоа што кога девојчињата се поддржани, целото општество напредува.

Повеќе за унапредување на родовата еднаквост во општеството:  https://hera.org.mk/vo-ist-ritam-kampana-za-podigane-na-javnata-svest-za-rodovata-ednakvost/

Зачлени се на нашиот е-билтен