Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

80 отсто од смртните случаи во Газа се во напади на станбени згради

Според Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради.

Повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права, УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во палестинската енклава, а со тоа расте бројот на цивилни жртви.

Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.

Зачлени се на нашиот е-билтен