Аеродромот во Данска трет пат затворен поради дронови

Аеродромот во Аалборг повторно го отвори воздушниот простор рано утринава, откако ноќта претходно беше затворен поради сомнителна активност на дронови. Ова е трет ваков инцидент во последната недела, со што се создава сериозен предизвик за безбедноста на цивилната и воената инфраструктура во Данска.

Дроновите биле забележани и во близина на воени бази каде се стационирани борбени авиони F-16 и F-35, а данските власти ја сметаат оваа активност за хибриден напад, насочен кон ширење страв и нарушување на редовното функционирање на аеродромите.

Иако не е познато кој стои зад инцидентите, некои извори спомнуваат Русија, но официјално тоа не е потврдено. Данска не ја активирала членката 4 на НАТО, но ги известила сојузниците за серијата на инциденти.

Во меѓувреме, Данска и соседните земји најавија забрзан развој на системи за детекција и неутрализирање на дронови и ја повикаа Европа на заедничка соработка за справување со ваквите закани.

Зачлени се на нашиот е-билтен