Косово започна да прифаќа мигранти кои САД сакаат да ги депортираат, согласно договорот постигнат со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува AFP. Премиерот Албин Курти изјави дека „една или две лица“ веќе пристигнале во земјата и дека Приштина ги прима оние кои САД не сакаат да ги задржат на своја територија.
Според договорот склучен во јуни, Косово може да прими до 50 мигранти во период од една година. Владата претходно соопшти дека овој аранжман е знак на „трајна благодарност“ кон САД за поддршката од 2008 година кога беше прогласена независноста.
Курти, кој стапи на функција во февруари, во меѓувреме ја загуби довербата на парламентот, поради што на 28 декември ќе се одржат вонредни избори. Во исто време, САД упатија остри критики кон неговата партија, обвинувајќи ја дека ја поткопува стабилноста на Косово бидејќи ѝ оневозможи на една српска политичка партија да учествува на изборите.
Косово неодамна го ратификуваше и договорот со Данска, со кој странски затвореници осудени во таа земја ќе може да ги издржуваат казните во косовските затвори.