Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување.
На овој Kонкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: “Снешко”, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на Дрим Фактори, “Не се согласувам”, на Кристијан Ристевски, во продукција на Фокус Покус и “Роден да живее” во режија на Кастриот Авдили, во продукција на Дарданиa филм.
„Овој Конкурс понуди исклучителни проекти и издоминира македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија“, изјавија од Агенцијата за филм