Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Договорот Рама-Мелони за имигрантите под лупа на ХРВ; ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за динарот

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) изрази резервираност за договорот за имигрантите меѓу Албанија и Италија, известија албанските медиуми.

Новата регулатива на Централната банка на Косово за повлекување од оптек на српскиот динар започнува денеска, Европската унија побара од Косово прилично долг преоден период за имплементација, пренесоа косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

РТШ: Хјуман Рајтс  Воч  со прашалници за пактот Албанија-Италија

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) изрази резервираност за договорот за имигрантите меѓу Албанија и Италија.

Пактот, кој ѝ дозволува на италијанската страна да користи неколку центри на албанска територија за проценка на статусот на барателите на азил главно од северноафриканските земји и дополнително нивно репатријација, Уставниот суд на Албанија го прогласи за компатибилен со уставот, додека во Италија напредуваше до Сенатот за конечно одобрување.

Според ХРВ, планот меѓу двете соседни земји отвора неколку прашања.

„Како ќе влијае пренасочувањето на италијанските спасувачки бродови, кои ќе бидат преместени во Албанија од најблиските и најбезбедните италијански пристаништа, на италијанските операции за пребарување и спасување во Медитеранот? Дали семејствата ќе бидат раздвоени? Каде, како и од кого „загрозените Како италијанските власти ќе гарантираат правични процедури за азил или судска проценка на притворот во Албанија?“, прашуваат меѓу другото од ХРВ, пренесува РТШ.

ВОА: СПАК заплени 1 милион евра имот на уапсениот поранешен полицаец

„Специјалното обвинителство во средата објави заплена на околу 1 милион евра недвижен имот на поранешниот директор на Оперативните сили Олтион Бистри, кој беше уапсен во јули, во рамки на истрагите за повеќе криминални групи во земјава.

Неговото име беше откриено благодарение на дешифрирањето од страна на белгиските и холандските правосудни органи на комуникациите направени преку шифрираната услуга Sky EncroChat, кои беа предадени на Специјалното обвинителство.“, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

КОСОВО

ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за новата регулатива за ЦБК

Европската унија во четвртокот побара од Косово прилично долг преоден период за имплементација на новата Регулатива на Централната банка на Косово (ЦБК), бидејќи според блокот постои ризик од комплицирање на животот на граѓаните на заедниците , особено српските, поради „недостаток на претходна консултација“.

Од ЕУ побараа ова прашање да се реши во дијалог, пренесува Коха.

Телеграфи: Бислими учествува на конгресната расправа за НАТО: Од витално значење е Косово да се приклучи на Северноатлантската алијанса

Поранешниот член на Претседателството на Демократската лига на Косово, Фатон Бислими, објави дека учествувал на конгресната расправа за НАТО во Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат, каде што се разговарало и за Косово, пренесе Телеграфи.

Во објава на Фејсбук, Бислими пишува дека е од витално значење Косово да биде целосно ангажирано во процесот на патувањето кон членство во НАТО.

КОЛУМНА

Бота Сот: Зошто се крие вистината за „Заедницата“ и изнудувањето на земјиште од Дечанскиот манастир?!

„Повеќе од една деценија Косово го мачат две апсурдни српски барања: „Заедница“ и барањето за изнуда на нашата земја, од Дечанскиот манастир.

Изворот на ова големо зло, до катастрофа, е Хашим Тачи, со неговите команданти и француската тајна служба, односно агентот на ДГСЕ, Арно  Данжан, српски зет“, пишува авторот Идриз Зеќири, во колумната „Зошто се крие вистината за „Заедницата“ и изнудувањето на земјиште од Дечанскиот манастир?!“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири ЦивилМедиа,

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново