Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: 16 лица се ослободени од обвиненија за воени злосторства во Косово; СПАК изрече мерки за 63 албански државјани инволвирани во меѓународна трговија со дрога

Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција. Пред него, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, пишуваат косовските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на ХепиТв призна дека пред терористичкиот напад во Бањска, три ноќи по ред се сретнал со Милан Радоичиќ, главниот човек кој призна дека го организирал нападот на 24 септември, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца српски терористи.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес: 16 лица  ослободени од обвиненијата за воени злосторства во Косово, голем број избегаа

Златан Арсиќ, кој беше обвинет за воени злосторства во Каменица во 1999 година, беше ослободен во понеделник, на 5 јануари, откако Основниот суд не докажа дека е припадник на српската полиција.

Како и Арсиќ, 16 други лица обвинети за воени злосторства на Косово беа ослободени со судски одлуки по завршувањето на војната, а некои други избегаа по подигнувањето на обвиненијата, пренесе Газета Експрес.

Зери: Вучиќ призна дека се сретнал со Радоичиќ три ноќи по ред, пред терористичкиот напад во Бањска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа призна дека пред терористичкиот напад во Бањска, три ноќи по ред се сретнал со Милан Радоичиќ, главниот човек кој призна дека го организирал нападот на 24 септември, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца српски терористи.

„Три вечери по ред  имав средба со нив, таму беа Радоичиќ и Симиќ, како и уште десетдруги мажи. Во лице ми рекоа дека не им веруваат ниту на Американците ниту на Европејците, а јас им реков дека морам да им верувам дека немам никој друг бидејќи немам никој на теренот.“, изјави Вучиќ меѓу другото на Хепи Тв, пренесе Зери.

Репортери: Полицијата почна истрага за плакатите со Радоичиќ на северот на Косово

Косовската полиција започна истрага за плакатите што ноќта меѓу саботата и неделата беа поставени на северот на Косово – во општина Лепосавиќ и Зубин Поток, на кои се гледа фотографијата на Милан Радоичиќ со порака „Дојди назад во Косово, брате – Србите веќе не можат да страдаат“.

Почетокот на истрагите го потврди и заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани, пренесе Репортери.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: Откриени имињата на 63 албански државјани инволвирани во меѓународна трговија со дрога

СПАК изрече 83 безбедносни мерки по 2-годишна истрага, со која беше погодена криминална група лоцирана во неколку европски земји, во која имало и многу Албанци. Познато е дека криминалната група ја проширила својата активност во Италија, Шпанија и Холандија. Истрагата започна во 2019 година. Дрога, кокаин, хероин и канабис главно се обезбедувале или тргувале во овие земји. Обвинителите на овие земји се вклучени во истрагите, пренесе Јава Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Од Косово се бара да не го прави она што има право да го прави

„Косово има право да не прифаќа барања да не дејствува како држава. Затоа што ниту една држава на нејзината територија не би толерирала функционирање на институциите на друга држава, која, згора на тоа, го прави тоа со територијални претензии.

Затоа, нема дилема дека Косово има право да ги затвори општините на Србија (не на Србите, туку на Србија) на своја територија. Но, и косовските власти треба да бидат внимателни, бидејќи не е добра тактика да се изненадуваат меѓународните партнери со акции. Затоа што тие се партнери, а не противници, како Србија“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Од Косово се бара да не го прави она што има право да го прави“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново