Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Косовската полиција изврши проверки на пет локации на северот; за „Заедницата“, топката кај САД; Дали Србија ќе му суди на Радоичиќ; Каде беа Вулин и Бата Гашиќ?

Косовската полиција соопшти дека денеска спроведува проверка во пет различни локации на северот, со присуство на обвинителот на косовското обвинителство на местото на настанот. Дијалогот за формирање „Заедници“ во Косово е најпаметно да го води САД, според косовкста претседателка Вјоса Османи и американскиот политички аналитичар и професор Едвард Џозеф.

Ова се само извадоци од дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од денешните содржини во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

РТВ 21: Косовската полиција со операција на север, рации на пет локации

Косовската полиција соопшти дека врши проверки на пет различни локации на северот на Косово, поврзани со нападот врз косовската полиција, во селото Бањска.

„Денеска, на 29.09.2023 година, косовската полиција ја спроведува наредбата на надлежниот суд за проверки, на пет локации во три општини на северот на Косово. Овие операции се спроведуваат во врска со неодамнешните настани што се случија во селото Бањска“, се наведува во соопштението на полицијата.

Полициската акција е во тек од страна на надлежните единици на косовската полиција, со присуство на обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово на местото на настанот.

„Косовската полиција во оваа прилика ги известува граѓаните дека не треба да се грижат. Овие контролни наредби се спроведуваат во координација со ЕУЛЕКС и КФОР“, се наведува во соопштението, пренесе РТВ 21.

РСЕ: За „Заедницата“, погледите кон САД

„Топката за формирање на Заедницата на општините со мнозинско српско во Косово треба да биде на теренот на САД – барем според косовската претседателка, Вјоса Омани.

Османи во интервју за Радио Телевизија на Косово изјави дека САД треба да преземат водечка улога во разговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Европската унија ја има оваа улога веќе дванаесет години.

„Мислам дека решението е следното: Да седнеме со САД и да го подготвиме нацрт-статутот на Република Косово“ за Заедницата на општините со српско мнозинство, рече Османи на 27 септември.

Едвард П. Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, за REL вели дека предлогот на претседателот Османи САД да го водат дијалогот е „прилично паметен“.

Според него, Косово го користи лостот што му го даде „катастрофалниот напад“ во Бањска, каде вооружени групи Срби на 24 септември ја нападнаа косовската полиција, убивајќи еден полицаец.

„Ова е навистина моментот за Приштина да привлече внимание на она што го гледа како нерамнотежа во Брисел“, вели Џозеф.“, се наведува во анализата на Радио Слободна Европа на албански јазик.

ДВ: Дали Србија ќе му суди на Радоичиќ?

Милан Радоичиќ и уште неколку учесници во крвавата тепачка кај Бањска сега им се достапни на српските власти. И што сега? Дали ќе им се суди?

Потпретседателот на „Српска лист“а, Милан Радоичиќ е во централна Србија, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ во средата вечерта во интервју за телевизијата РТС. Необична потврда од Вучиќ беше дека Радочиќ ја предводел вооружената група која во неделата блокирала пат кај Бањска, убила косовски полицаец и учествувала во престрелка околу манастирот во текот на целиот ден.

Вучиќ не кажа, но ниту негираше дали на Радоичиќ ќе му се суди. Тој само додаде дека Радоичиќ „ќе одговара на прашања.“ Очигледно, на српските власти им се достапни барем уште неколку членови на вооружената група.

Ситуацијата е и легално зачинета. Од белградска гледна точка, крвавата пресметка во Бањска се случила на територијата на Србија – но во тој дел каде што нема ефективна контрола. Владата на Вучиќ се согласи со бриселските договори српските судии, обвинители и полицајци да имаат пристап до институциите на Косово.

Овие институции воопшто не соработуваат со институциите на Србија – затоа што Србија и Косово не се признаваат. И да сакале политички, Белград и Приштина немаат никаква правна рамка меѓусебно да ги екстрадираат обвинетите или да разменат докази, објаснува адвокатот Иван Ниниќ. Сепак, работата не е ослободена од политика. Затоа Ниниќ, во изјава за ДВ, претпоставува дека она што Радоичиќ и другите ќе им го кажат на српските истражители ќе биде однапред договорено со режимот во Белград и БИА се наведува меѓу другото во анализата на Дојче Веле.

АЛБАНИЈА

Ора Њуз: СПАК покренува истрага за злоупотреба на средствата од ИПАРД од страна на Министерството за земјоделство

Специјалното обвинителство покрена истрага во врска со сомневањата за злоупотреба на средствата од ИПАРД од страна на Министерството за земјоделство. Според официјални извори, истрагата за која станува збор се уште е на прелиминарна проверка, пренесе Ора Њуз.

Топ Чанел: Амбасадата на САД ја поддржува работата на СПАК: Има импресивен напредок во реформите во правосудството

Вршителот на должноста Дејвид Визнер и колегите од Амбасадата на САД кои го поддржуваат правосудниот сектор денеска се сретнаа со главниот специјален обвинител на СПАК Алтин Думани, обвинителите на СПАК и истражителите на НБИ кои работат на искоренувањето на организираниот криминал и корупцијата во Албанија.

Работата на СПАК и другите во правосудниот сектор бара извонредна храброст, интегритет и страст. Господинот Визнер ја пренесе благодарноста на САД за работата на СПАК, нагласувајќи дека ја има нашата целосна поддршка да ја изврши својата мисија во име на албанскиот народ“, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Коха: „Кад се војска на Косово врати“, Каде беа Вулин и Бата Гашиќ

„Крвопролевањето во Бањска е исклучиво на штета на Србите во Косово. Штом е така – а така е – што направија Вулин и Бата Гашиќ? Групата која има униформи, автоматско оружје, средства за комуникација и два шлепа, не се формира за попладне во кафуле, ниту пак половина час организира ваква акција. Не се знае што е полошо во сето тоа: неуспехот или заобиколувањето на службите, имено – бунтот на нивните вазали.

А каде беше Српска Листа, продолжетокот на „напредњаците“ (СНС) на Косово? Дали е можно нејзините водачи да не знаеле ништо и покрај нивната апсолутна доминација над целиот политички и општествен живот на тамошното српско население? Оттука, отворено е прашањето која била вистинската цел на акцијата во Бањска, без разлика на кој било официјален став на Србија. Обид за радикализирање и ставање на Вучиќ пред стореното дело? Демонстрација дека повеќе не е единствениот што го прашуваат за северот на Косово? Предупредување до моќните структури од таа област што ќе се случи ако бидат компромитирани? Можеби тука вреди да се потсетиме на минатогодишната видео порака на Милан Радоичиќ, снимена на Косово: „Еве ме. Се вратив. И знаете што значи тоа“, пишува авторот Филип Шфарм во колумната „Кад се војска на Косово врати“, Каде беа Вулин и Бата Гашиќ, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново