Покрај поддршката за „Отворен Балкан“, испитаниците на анкетата дале силна поддршка и за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, каде што над 68 отсто одговориле дека се за членство во ЕУ.
Поддршка има и членството во НАТО, од над 72 отсто од испитаните граѓани на анкетата спроведена преку телефон на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец.
Оваа анкета на „Фокус“ исто така покажува и неутралност на граѓаните кон уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи патот кон ЕУ. На прашањето „Дали би ги поддржале уставните измени потребни за одблокирање на преговорите со ЕУ“ половина, односно 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат.
Преземено од Градска.мк