Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Арбер Адеми: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

„Никој не може да го отфрли народот! Се гледаме на 8 мај! Ќе се случи народ“, напиша Адеми во објавата на Фејсбук 

Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, напиша потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми, коментирајќи ја денешната средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари. 

Краткиот коментар Адеми го сподели на својата фејсбук-страница, покрај фотографијата од средбата меѓу Мицкоски и Таравари. 

Средбата, како што објави ТВ 21, се случила во седиштето на коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. 

„ВМРО – Вреди! Гласот за ‘Вреди’ е глас за ВМРО! Никој не може да го отфрли народот! Се гледаме на 8 мај! Ќе се случи народ“,вели Адеми во објавата на Фејсбук. 

Принтскрин од објавата на Арбер Адеми на Фејсбук

Од ВМРО-ДПМНЕ за „360 степени“ ја потврдија средбата меѓу лидерот на партијата и Таравари. Оттаму велат дека на средбата Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка. 

„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“,ни одговорија од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари.   

На прашање на ТВ 21 за што се разговарло на средбата и со зошто на неа не биле присутни другите лидери на коалицијата, од „Вреди одговориле дека сите лидери се во целосна координација, а не биле присутни поради активностите на терен.  

„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“,рекле од „Вреди“ за ТВ 21. 

Инаку, Мицкоски вечерта по првиот круг од претседателските избори, што се одржа на 24 април, изјави дека му се јавил Таравари, кој беше еден од седумте кандидати за шеф на државата, за да му честита за учеството на претседателските избори и да му посака успех на парламентарните и иднина во власта.  

Од ВМРО-ДПМНЕ нема информација дали на средбата било разговарно и на тема околу уставните измени, што коалицијата „Вреди“ ги посочува како еден од условите за евентуална нивна партиципација во идната влада. 

Мицкоски во интервјуто за „360 степени“, емитувано на 29 април на МРТ 1, рече дека досега не се водени разговори со коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“ на тема уставни измени.

Презенмено од 360 степени

Зачлени се на нашиот е-билтен