Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Азиска премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во Ченаи, Индија

Политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, вечер ќе биде прикажан на 21. издание на  Меѓународниот филмски фестивал во Ченаи, Индија, како дел од официјалната селекција во програмата World Cinema competition.


„Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали во Европа, Америка, Јужна Америка и Африка, и е добитник на пет интернационални награди.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.

Зачлени се на нашиот е-билтен