Официјален Техеран остро ја осуди декларацијата на Г7 за конфликтот помеѓу Израел и Иран. Групата седум најразвиени земји на Самитот во Канада го Иран „главен извор на регионална нестабилност и терор“ и го бранеше правото на Израел на самоодбрана.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеји наведе дека Г7 во ја игнорира „еклатантната израелска агресија“ врз Иран.
Извршени се незаконски напади врз нашата мирољубива нуклеарна инфраструктура, станбените области се неселективна мета и убиени се наши граѓани, посочи Багеји.
Тој потенцира дека Израел почнал неиспровоцирана агресивна војна против Иран и се повика на член 2(4) од Повелбата на ОН, кој забранува напади врз друга држава.
Израел го нападна Иран на 13 јуни погодувајќи нуклеарни локации, воени инсталации и неколку градови. Цел на воздушните напади беа високи воени команданти и научници кои работат на нуклеарната програма. Како одговор, корпусот на Револуционерната гарда на Иран истрела балистички ракети кон Израел.