Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Израел има право да одговори на нападите на Хамас, но мора да направи „се што е во негова моќ“ за да ги заштити цивилите.
На заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанезе, американскиот претседател дека нападите на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег мора „веднаш да престанат“.
Бајден ги осуди извештаите дека израелските доселеници на Западниот Брег ги напаѓаат Палестинците, опишувајќи ги пријавените напади како „долевање бензин на оган“.
„Тие ги напаѓаат Палестинците на места каде што имаат право да бидат“.