Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бислими: Регионот се соочува со дестабилизирачки напори, чиј режисер е во Русија, а актерите тука

Косовскиот прв вицепремиер, задолжен за европски интеграции, Бесник Бислими изјави дека државите од регионот треба да соработуваат во услови на, како што рече, дестабилизирачките напори предводени од Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната трибина што Комисијата за надворешни работи на Собранието на Косово ја организира со комисиите за надворешни работи и европски интеграци на собранијата на Северна Македонија и Албанија, Бислими порача дека Европската унија треба да се прошири, нагласувајќи дека демократските вредности се стратешка ориентација на државите.

– Нашиот регион се соочува со обиди за дестабилизација чиј режисер најверојатно е во Русија, додека актерите се од самиот регион. Позицијата на Косово во регионот не е поврзана само со националниот интерес туку и со придонесот што можеме да го дадеме за безбедноста… Го поддржуваме планот за раст за Западен Балкан. Европската унија мора да се реформира и прошири. Не треба да има корисници на средства без да се прифатат вредностите на ЕУ, рече Бислими.

Тој нагласи дека Косово останува цврсто посветено на исполнувањето на критериумите на ЕУ.

– Нашата заложба за исполнување на критериумите поставени од ЕУ е непоколеблива. Овие критериуми треба да ги гледаме како водич. Нашето патување кон ЕУ е доказ за нашата стабилност и одлучност за влез во ЕУ, порача Бислими. 

Зачлени се на нашиот е-билтен