Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи ги поби тврдењата на Трајко Славески, оваа Влада се покажа со дела не зборови

Фатмир Битиќи

Вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи преку објава на Фејсбук ја демантираше објавата на Трајко Славески на платформата Х.

Тој истакна доколку се прифати дека вкупната инфлација за 2022 и 2023 е 25%, како што професорот Славески наведува по социјални мрежи, иако таа реално по официјалните бројки на ДЗС изнесува 23,6% (14,2%+9,4%). На почеток со растот на нивото на платите во целокупната економија во истиот период, односно да споредиме просек од декември 2023 и 2021 година, за кои веќе имаме официјален податок.

„Резултатот, погодувате, секако го негира тврдењето на професорот, затоа што во истиот тој период од просечните 29.943 денари за декември 2021 платата се зголемила на просек од 39.998 денари во декември 2023, или тоа е кумулативен раст од 33,6%“, потенцираше Битиќи.

Тој подвлече дека за да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени, што е далеку далеку повеќе од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните.

„Дела место зборови!“, заклучи Битиќи во својата објава.

Зачлени се на нашиот е-билтен