Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи од Арачиново: На 24-ти април гласот за Стево е глас за иднината на нашите деца!

Македонија како мултиетничка држава може да просперира и да се развива само ако сите подеднакво се вреднуваат. А за ова да се случи ни треба претседател кој ќе не обединува на патот кон Европската унија(ЕУ), местото каде што припаѓаме, каде што идните генерации ќе живеат со достоинство и просперитет“, порача пред жителите на Арачиново коносителот на листата на кандидати за пратеници од Изборна единица 2 на „Коалицијата за европска иднина“, Фатмир Битиќи.

На средба со граѓаните, тој истакна дека патот што не води кон целта за полноправно членство во ЕУ е исполнет со предизвици и можности, но изборот треба да се направи на 24-ти април и на 8-ми мај.

„Во среда ќе одлучиме дали ќе продолжиме напред со претседателот Пендаровски, човек кој го докажа своето лидерство и посветеност кон Македонија или пак ќе се избере свртување кон минатото, кон поделбите. Гласот за Стево е глас за иднината на нашите деца“, порача потпретседателот на СДСМ, Битиќи пред арачиновци.

Тој упати апел на овие парламентарни и претседателски избори да не се стои настрана, односно секој да го искористи правото на глас и да не дозволи други да одлучуваат за судбината на државата.

„Да застанеме заедно и на 24-ти април на избирачките места да го направиме правиот избор, да го заокружиме бројот еден и да ја најавиме двојната победа на 8-ми мај. Победа за европска Македонија, победа за СДСМ и Стево Пендаровски. Двојната победа ќе значи исполнување на заедничката мисија на сите граѓани во државата, на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите и другите етнички заедници да живеат сплотено во европска и почитувана Македонија“, рече Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен